Ташна „Компас“
Беж/кафена рачно изработена ташна со уникатен компас - дизајн, создадена за жената што секогаш знае каде оди, дури и кога патот е нов.
На предната страна е впечатлив компас, а секоја буква носи своја моќна придавка:
С – своја
З – заводлива
И – искрена
Ј – јака
Формула што ја опишува модерната жена која чекори со став и автентичност.
Во позадина суптилно се протега мапа од сите 7 континенти, симбол на слобода, желба за нови хоризонти и патување низ животот со отворен дух.
Секоја ташна има и скриена eдинствена порака во внатрешноста, внимателно вметната за да биде личен потсетник на сила, храброст и женственост — мал таен ритуал што таа ќе го носи само за себе.
Елегантна, практична и со длабока симболика, оваа ташна не е само моден додаток, туку приказна што ја следи сопственичката на секој нејзин чекор.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар